ТАА Е ДОКАЗ ДЕКА СО ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА СТИЛ Девојката на Џеф Безос на мета на критики поради изгледот (ФОТО)
Фаталната црнокоса во повеќе наврати покажа дека нема стил, а главно се води според правилото - сè мора да е на мегдан.
Дека парите не значат стил, одамна е јасно, а особено кога станува збор за Лорен Санчез, сегашна девојка и некогашна љубовница на еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос.
Фаталната црнокоса во повеќе наврати покажа дека нема стил, а главно се води според правилото – сè мора да е на мегдан.
Па така, во прв план секогаш се нејзините силиконски гради или, доколку носи кратко, тоа мора да е прекратка должина како да тргнала на плажа, а не во елегантен ресторан кој бара и некаков кодекс на облекување.
Така било и за прославата на нејзиниот 53-ти роденден.
Имено, Џеф Безос одлучил да ја израдува својата сакана и да ѝ приреди прослава како изненадување, а таа му се заблагодарила на својот инстаграм-профил со кратко видео на кое се гледа како си поминале.
View this post on Instagram
И додека Безос бил облечен во едноставна комбинација, Лорена се одлучила за ултра краток црн фустан, а нејзините гради и овој пат биле во прв план. Критиките на сметка на нејзиниот изглед ни овој пат не изостанаа.
Најпрво, ја прозивале поради тоа што претерала со ботоксот и со филерите. А потоа ја критикувале и поради фустанот кој повеќе открива одошто покрива.
„Дали фустанот го нарача од Амазон“, „Никогаш нема да знае да се облекува.“, „Кога ги имаш сите пари на светот, но не и вкус“, „Имам впечаток дека ако некој ја прободе, ќе пукне како балон“, „Како овој Безос има желудник за ова“, се само некои од коментарите на интернет.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм