ТАЈВАН РАЗВИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 Без размислување се пријавиле повеќе од 700.000 луѓе
Компанијата „Medigen Vaccine Biologics Corp“ изјави дека нема голема загриженост за безбедноста, а студиите покажале дека создадените антитела не се полоши од оние кои ги создава вакцината АстраЗенека.
Тајван започна со својата прва домашно направена вакцина против ковид-19, поради критиките дека нејзиното одобрување е брзо.
Министерството за здравство минатиот месец даде овластување за употребата на вакцината „Медиген“, иако клиничките испитувања допрва треба да завршат.
Напорите за вакцинација на Тајван беа попречени од одложувањето на испораката, но и од двоумењето на населението.
Претседателката Цај Инг-вен денеска прва ја примила минатата.
Во мигот на нејзино одобрување, вакцината направена од „Medigen Vaccine Biologics Corp“, допрва треба да ја заврши третата фаза од испитувањата, но ѝ беше одобрена итна употреба.
Компанијата изјави дека нема голема загриженост за безбедноста, а студиите покажале дека создадените антитела не се полоши од оние кои ги создава вакцината „АстраЗенека“.
„Медиген“, чие кинеско име во буквален превод значи „висока класа“ е рекомбинантна протеинска вакцина, слична на вакцината која ја создаде „Новавакс“.
„Новавакс“ користи потрадиционален метод за создавање на протеинот на вирусот за да го стимулира имунолошкиот систем.
Пробивањето на „Новавакс“ покажува 89 отсто ефикасност во истражувањата во Британија.
– Направивме толку многу експерименти, сите видоа колку е безбедна нашата вакцина. Има толку мали несакани ефекти, речиси и да нема треска или нешто слично. Така што, мислам дека секој може да се увери – изјави извршниот директор на „Медиген“ Чарлс Чен за Ројтерс.
Покрај тоа, нејзиното објавување беше замаглено со обвинувања, многумина од главната опозициска партија Куоминтанг велат дека вакцината е небезбедна и дека нејзиниот влез на пазарот е многу брз.
Двајца истакнати членови од партијата се обратија до судот за да го отповикаат одобрението за итна употреба на вакцината поради недоволно направени испитувања и тестови, а еден од нив изјави дека нема потреба Тајванците да се тестираат како бели стаорци во лабораторија.
Тајван ги користеше вакцините на „Модерна“ и „АстраЗенека“, но претседателката Цаи го прекина примањето на вакцините, сè додека не беа подготвени дозите на „Медиген“.
Процесот на примање на вакцината беше пренесен во живо на нејзината страна на Фејсбук, а кога ја прашаа дали е нервозна поради примањето на вакцината, таа одговори „не“.
Повеќе од 700.000 луѓе се пријавиле за вакцината „Медиген“, а истата треба да се прими во две дози со разлика од 28 дена.
Тајван во мигов пријавува околу 10 случаи дневно, а се сметаше за едно од најуспешните места за контрола на ковид-19, но случувањата во мај предизвикаа загриженост за доаѓањето на многу заразната делта варијанта.
Од вакцината се нарачани пет милиони дози, но владата изјави дека никој нема да биде принуден да се вакцинира.
Помалку од 5 отсто од 23,5 милиони жители на Тајван се целосно вакцинирани, а околу 40 отсто се со само една доза.