Тајните вечери на шеф Александра Атанасовска и Бохо

Русокосата скопјанка која ги напуштила студиите по фармација и запловила во светот на гастрономијата и станала готвачка, но не каква било, туку вистинска ‘Мишелинка’, од неодамна е во нов проект. Станува збор за т.н. Тајни вечери (Secret suppers), чиј домаќин е студиото Бохо, а за менито, подготвувањето на храната, нејзината презентација и спарувањето со пијалоци, е задолжена токму таа, нашата ‘малечка’ голема готвачка Алекс Пуци.

962

Со Александра Атанасовска веќе еднаш сме правеле интервју, но повод за ова е нејзиниот нов интересен проект, како и проширувањето на приказната за оваа млада интересна и креативна девојка, полна со планови за иднината и надеж дека и во Македонија може да функционира т.н. фајн дајнинг, односно, подигнување на гастрономското искуство на повисоко ниво, од презентацијата, самото јадење, до услугата. Токму тоа е и концептот на ‘Тајните вечери’ (www.secretsuppers.mk), чија идеја, покрај ова, е на една долга маса да соединат луѓе од кои повеќето и не се познаваат меѓусебе, кои заеднички ќе уживаат во оброкот и во едно прекрасно гастрономско искуство.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини