ТАЈНА ВЕЧЕРА ИЛИ СЕПАК ПИР НА БОГОВИТЕ? Уметничкиот директор тврди дека не е исмевано делото на Леонардо Да Винчи
E ТАЈНАТА ВЕЧЕРА ИЛИ НЕ? Референцата на церемонијата на отворањето не е „Последната вечера“ од Да Винчи, туку „Празникот на боговите“ (1635) на Јан Харменш ван Бијлерт - олимписките богови ја слават свадбата на Тетис и на Пелеј, со Аполон крунисан во центарот на масата (не Исус Христос) и Дионис во преден план.
По скандалозниот перформанс на отворањето на Олимпијадата во Париз, во кој учесниците наводно ја прикажуваа библиската сцена од Леонардо да Винчи во неговото сликарско дело „Тајната вечера“, во пародична верзија, се јавија уметнички критичари и други експерти кои тврдат дека всушност не станува збор за Тајната вечера од библиската сцена, туку за „Пир на боговите“, сцена која потекнува од грчката митологија.
Референцата на церемонијата на отворањето не е „Последната вечера“ од Да Винчи, туку „Пир на боговите“ (1635) на Јан Харменш ван Бијлерт – олимписките богови ја слават свадбата на Тетис и на Пелеј, со Аполон крунисан во центарот на масата (не Исус Христос) и Дионис во преден план, пишува францускиот портал Мјузе мања.
Жената без глава на сцената наводно ја претставува Марија Антоанета која владеела со Франција и била прогласена за виновна за предавство, заговор и за крадење од земјата.
Изведбата воедно ги отсликувала античките римски баханалии. Баханалија е неконтролирано промискуитетна, екстравагантна и гласна забава. Забавите честопати траеле неколку дена во чест на богот на виното, Бахус (синиот тип покриен со винова лоза). Тој е познат и како Дионис во грчката митологија, грчкиот бог на плодноста, подоцна познат како бог на виното и на задоволството.
Настапот за време на церемонијата наиде на критики од црковните водачи и од конзервативните политичари за наводната сличност со прикажувањето на библиската сцена, при што некои го нарекуваат „исмејување“ на христијанството.
Уметничкиот директор на церемонијата, Томас Жоли, на дневната прес-конференција на Игрите во саботата рече дека настанот не требало да „биде субверзивен, да ги шокира луѓето или да ги исмева луѓето“, пишува Њујорк тајмс.
– Ако луѓето некако се навредиле, се разбира, навистина ни е жал – рече Ен Декамп, портпаролката на „Париз 2024 година“, на дневната прес-конференција во неделата.
Жоли во неделата рече дека не бил инспириран од „Тајната вечера“.
– Дионис е тој што пристигнува на масата. Дионис е грчкиот бог на веселбите и на виното и е татко на Секвана, божицата на реката Сена – рече тој во телевизиско интервју.
🎥 А СМЕЕТЕ ЛИ ВАКА ДА ГО ИСМЕВАТЕ ИСЛАМОТ? Не стивнуваат реакциите за пародијата на Тајната вечера