ТАЈНА СРЕДБА ВО МАДРИД, ЌЕ СЕ ДОГОВАРА ПОМОШТА ЗА УКРАИНА Делегатите од 35 земји ќе состанчат во посебна сала без мобилни телефони

Според документите што ги виделе шпанските медиуми, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина и за начините на долгорочна координација меѓу западните партнери. На состанокот, според најавите, ќе присуствува и шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.

470

Следната недела во Мадрид ќе се одржи строго доверлив состанок на европските сојузници на Украина, јави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Организаторите побарале „максимална тајност“ за средбата закажана за вторник, 4 ноември. Делегатите од 35 земји ќе мора да ги остават своите мобилни телефони во посебна просторија и да се воздржат од споделување информации на социјалните мрежи. Целта е да се усогласат нови пакети воена и финансиска помош за Киев, но и дополнителен притисок врз Русија.






Според документите што ги виделе шпанските медиуми, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина и за начините на долгорочна координација меѓу западните партнери. На состанокот, според најавите, ќе присуствува и шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.

Од друга страна, вниманието на медиумите го привлече и одложувањето на личната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта. Причините за одложувањето не се соопштени, но дипломатските извори во Вашингтон наведуваат дека состанокот ќе се одржи „кога условите ќе бидат соодветни“.

Состанокот доаѓа во момент на засилени тензии меѓу Москва и Западот. Кремљ претходно овој месец тврдеше дека украинските сили не би можеле да изведуваат напади врз енергетски цели во длабочината на Русија без директна поддршка од западните разузнавачки служби. Москва истакна дека воената помош од Запад само ќе го продолжи конфликтот, без суштинска промена на фронтот.

 

Поврзани содржини