ТАЈЛАНД ОДБИВА ПОСРЕДНИЦИ, БАРА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ За Бангкок конфликтот со Пном Пен е билатерално прашање

Не ни треба посредништво од трета страна во овој момент. Стоиме на ставот дека билатералниот механизам е најдобар пат, ова е проблем меѓу двете држави, истакна за Ројтерс портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи.

470

Тајланд одби меѓународно посредување и инсистира да преговара само со Камбоџа во врска со конфликтот кој изби на границата меѓу двете земји, јави Ројтерс. Властите од Банкок одбиле посредничка помош од САД, Кина и Малезија, порачувајќи дека само директни билатерални разговори можат да донесат решение.

– Не ни треба посредништво од трета страна во овој момент. Стоиме на ставот дека билатералниот механизам е најдобар пат, ова е проблем меѓу двете држави – истакна портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи.






Крвавите судири на границата меѓу Тајланд и Камбоџа го достигнаа најопасното ниво во последните десет години. Стотици цивили побегнале, а бројот на жртви по два дена конфликт надмина 16, главно на територијата на Тајланд.

„Конфликтот го потресе регионот, а Камбоџа побара итна седница во Советот за безбедност на Обединетите Нации за да се осуди тајландската „незапочната воена агресија“, се наведува во официјалното соопштение од владата во Пном Пен.

Тајланд одговори со писмо до ОН, обвинувајќи ја Камбоџа дека повторно ја нарушила неговата територијална сувереност и побарал прекин на сите напади врз цивили и воени цели.

Огнот на границата ескалираше на 24 јули, кога Тајланд користеше воени авиони Ф‑16 против камбоџанските позиции, а Камбоџа возврати со ракети врз цивилни објекти во Тајланд. Обединетите нации и повеќе западни држави побарале итен прекин на огнот и почеток на дипломатски дијалог.

Тајланд засега останува цврст – посредници не прифаќа, а решението го гледа само преку директен разговор со соседот.

Меѓу обвинувањата на двете земји се и написите во медиумите во Камбоџа дека Тајланд наводно искористил касетни бомби во операциите. Талјандската армија, од друга страна, тврди дека Камбоџа користи силна артилерија и дека постојано напаѓа.

Поврзани содржини