📽️ ТАЈЛАНД КОРИСТИ КАСЕТНИ БОМБИ, КАМБОЏА ТЕШКА АРТИЛЕРИЈА? Конфликтот долж границата трае втор ден
Камбоџа тврди дека Кралските тајландски вооружени сили распоредиле касетна муниција на 25 јули 2025 година. Тајландските власти тврдат дека Камбоџа продолжила со силно ракетирање со тешка артилерија од ракетните системи БМ-21 со дострел од 20 километри.
Судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи долж границата меѓу двете земји продолжуваат и денеска, 25 јули, додека страните меѓусебно се обвинуваат за ескалирање на конфликтот во потенцијална војна.
Камбоџанските власти упатија остри обвинувања кон соседен Тајланд, тврдејќи дека тајландските вооружени сили користеле забранета касетна муниција во пограничната област. Канцеларијата на камбоџанскиот премиер издаде соопштение во кое детално се опишани наводните напади што се случиле на територијата на Камбоџа, пишува хрватски Индекс.
Тие тврдат дека Кралските тајландски вооружени сили распоредиле касетна муниција на 25 јули 2025 година, директно загрозувајќи ги животите на цивилите и деминерите кои работеле на расчистување на областа.
Според првичните информации од локалните власти и тимовите за деминирање, нападите се случиле во областа Пном Кмуч и селото Течо Тамачарт, близу до границата со Тајланд. Првиот удар е регистриран во 5:25 часот наутро по локално време, додека вториот следел во 6:50 часот наутро.
Lieutenant General Maly Socheata, spokesperson for the Ministry of National Defense of Cambodia, said that on the morning of July 25 Thailand illegally used cluster bombs to attack Cambodia, which is a violation of international law. pic.twitter.com/LP8Dc7ClID
— Mech Dara (@MechDara1) July 25, 2025
На социјалните мрежи исто така се појавија непотврдени снимки од авионите Ф-16 на Тајланд кои наводно користат лизгачки бомби (бомби на наведување) Мк82 со систем „Lizard III“, од израелско производство.
Системот ја насочува бомбата преку ласери.
Footage from the Royal Thai Air Force (RTAF) showing ground crews arming F-16s with Mk 82 (500 lb) bombs that are equipped with Lizard III guidance kits.
These F-16s were part of the flights that ran multiple airstrikes against the RCA. pic.twitter.com/c56WiA8Y1i
— T-55AM1 (@T_55AM1_) July 24, 2025
Од друга страна, Тајланд ја обвини Камбоџа за користење тешка артилерија.
„Камбоџанските сили извршија континуирано бомбардирање користејќи тешко оружје, полска артилерија и ракетни системи БМ-21“, се вели во соопштението на тајландската војска.
Ракетните системи BM-21 на Камбоџа имаат дострел од 20 километри, додека ракетните лансери тип-90B PHL-81 можат да работат на растојанија до 40 км, објави „Бангкок пост“.
BM-21 rockets from Cambodia hit a gas station in Sisaket, Thailand, amid troop clashes, causing “many” civilian casualties. pic.twitter.com/gwMY21GcyS
— भारतवर्ष 🚩 (@Vardan_31) July 24, 2025
Тајландските власти прогласија пет области во провинциите Си Са Кет и Убон Рачатани, во рамките на 40 километри од границата со Камбоџа, за области со висок ризик бидејќи се во дострел на ракетите на камбоџанската армија.
Тајланд веќе евакуираше повеќе од 130.000 цивили од Си Са Кет, Убон Рачатани и две други провинции во засолништа за безбедност.
Неколку земји, меѓу кои Кина, САД, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур ги предупредија своите граѓани да не патуваат во области во близина на тајландско-камбоџанската граница поради тековните конфликти. Британското Министерство за надворешни работи, заедници и развој ги наведе храмовите Преах Вихер, Та Моан и Та Крабеј меѓу местата на спор меѓу Тајланд и Камбоџа.
Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите Нации, ги повика и Камбоџа и Тајланд да покажат воздржаност и да го решат нивниот сè посериозен граничен спор преку дијалог, изјави заменик-портпаролот Фархан Хак.
Се очекува Советот за безбедност на Обединетие Нации денеска, 25 јули, да одржи итен состанок за кризата.
Малезија, која моментално претседава со регионалниот блок АСЕАН на кој припаѓаат двете земји, вчера повика на итен прекин на непријателствата и ја повтори својата понуда за посредување. Премиерот Анвар Ибрахим претходно изјави дека лично контактирал со двете влади за да побара прекин на огнот и да отвори пат за дипломатија.
Тајланд и Камбоџа делат повеќе од 800 километри копнена граница, а граничните спорови се долгогодишни проблеми што предизвикуваат периодични тензии меѓу двата соседа.
Спорните тврдења произлегуваат во голема мера од карта од 1907 година нацртана под француска колонијална власт, која била искористена за одвојување на Камбоџа од Тајланд. Камбоџа ја користела картата како референца за да ја побара територијата, додека Тајланд тврдела дека картата е неточна.
Најважните и најнасилни судири се случија околу 1000-годишниот храм Преах Вихер.
Во 1962 година, Меѓународниот суд на правдата ѝ додели суверенитет над храмовата област на Камбоџа. Пресудата стана голем спор во билатералните односи.