ТАЈЛАНД И КАМБОЏА СЕ СОГЛАСИЈА НА ИТЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ Двете земји имаат добра волја за мир

Камбоџанскиот премиер Хун Сен изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговото посредништво, како и до кинеската влада за нејзиното учество во процесот.

136

Лидерите на Тајланд и Камбоџа се согласија за итен и безусловен прекин на огнот за да се прекинат граничните судири, изјави денеска малезискиот премиер Анвар Ибрахим, цитиран од светските новински агенции.

Според Ибрахим, чија земја беше домаќин на состанокот меѓу тајландските и камбоџанските претставници, прекинот на огнот ќе започне на полноќ по локално време. Тој додаде дека ова е првиот чекор кон деескалација и враќање на мирот, и дека Тајланд и Камбоџа се согласиле да ги обноват комуникациите.






Камбоџанскиот премиер Хун Сен изјави дека е многу задоволен од состанокот и неговите резултати и се надева дека борбите веднаш ќе престанат. Тој изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговото посредништво, како и до кинеската влада за нејзиното учество во процесот.

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Веџајчаи, од своја страна изјави дека неговата земја го прифатила прекинот на огнот, кој ќе биде спроведен успешно и со добра волја од двете страни.

Поврзани содржини