Светската здравствена организација соопшти дека тестирањето на целото население на Унгарија за коронавирусот би било нелогично.
– Тестирање на коронавирус би требало да се изврши само на лица кои покажуваат симптоми на болеста или кои биле во контакт со заразени – изјави директорката на националната канцеларија на СЗО, Ледиа Лазери.
Таа истакна дека надлежните институции во Унгарија кои се задолжени за борба против новиот коронавирус си ја вршат својата работа и оти СЗО постојано ја следи нивната работа.
– Бројот на заразени лица во Европа се очекува да се зголеми, но поради преземените мерки тоа ќе биде ублажено – рече Лазери.