СЗО ПРЕДУПРЕДУВА Европското фудбалско првенство можна причина за нов бран

Запрашан дали на Европското првенство во фудбал може да се гледа како „супер-поттикнувач“ на короната, Клуге рече дека „се надева дека нема“, но и дека не може да се исклучи оваа опција.

666

Светската здравствена организација предупреди дека во регионот на Европа, во кој има 53 земји, минатата недела бројот на нови случаи се зголемил за 10%. СЗО посочува дека пред есента се заканува нов бран. Организацијата повикува на подобро следење на натпреварите на Европското првенство во фудбал, како потенцијална закана за ширење на инфекциите.

Ширењето на делта мутацијата на коронавирусот, олеснувањето на мерките, патувањата, собирите – се причините за зголемувањето на бројот на нови случаи на ковид-19, предупредува СЗО.






Регионалниот директор Ханс Клуге истакнува дека, иако расте бројот на новозаразени, опфатот на вакцинацијата не е доволно висок.

Светската здравствена организација наведува дека делтата варијанта на коронавирусот ќе доминира во регионот на Европа веќе до август.

– Нови варијанти на вирусот, недостаток на вакцинација, зголемување на социјалните собири. Ќе има нов бран ако не останеме дисциплинирани – предупреди Ханс Клуге.

Запрашан дали на Европското првенство во фудбал може да се гледа како „супер-поттикнувач“ на короната, Клуге рече дека „се надева дека нема“, но и дека не може да се исклучи оваа опција.

Гардијан“ наведува дека откриени се стотици нови случаи кај гледачите на првенството, а меѓу нив се и Шкотите кои се вратија од Лондон по мечот Англија-Шкотска, исто така и Финците кои дојдоа од Санкт Петербург.

СЗО исто така предупредува дека треба да се интезивира мониторингот и настаните кои се пропратен дел од самото првенството, како што се собирањето навивачи, патувањето во преполни автобуси на натпреварите, следење на натпреварите во кафеани.

Гардијан го посочува и примерот на Израел, светскиот лидер во вакцинацијата, кој објави во четвртокот најголем број нови инфекции во последните три месеци.

Тамошните власти започнаа вакцинација на деца и размислуваат за заострување на патните мерки. Министерот за здравство предупредува дека бројот на новозаболени може да продолжи да скока и во наредните денови.

Патем, на таа земја се гледа како на тест за другите земји, имајќи предвид дека вакцинирала 85% од населението. Иако бројот на нови случаи започна да расте, бројот на смртни случаи не се зголеми.

Поврзани содржини