СЗО: Порастот на новите случаи на ковид-19 е критичен момент за преземање акција

Генералниот директор на СЗО смета дека ова е уште еден критичен момент луѓето да се обединат за заедничка цел.

541

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека неодамнешниот пораст на случаите на ковид-19 во многу европски и северноамерикански земји е критичен момент за лидерите да преземат акција.

– Ова е уште еден критичен момент за лидерите да го зајакнат дејствувањето. И уште еден критичен момент луѓето да се обединат за заедничка цел. Искористете ја можноста, не е доцна – рече Тедрос.






Тој се обрати на редовниот брифинг со новинарите во Женева од неговиот дом, каде што се наоѓа во самоизолација, откако на Твитер објави дека контактирал со лице кое било заразено со коронавирусот.

Поврзани содржини