📽️ СВРШЕНИЦАТА НА БЕЗОС СЕ ТОПИ ПРЕД ДИ КАПРИО Доказ дека без пари, милијардерот е лесно заменлив

Нејзината реакција стана вирален хит, а екипата на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, и понатаму го исмејува милијардерот.

795

На социјалните мрежи повторно се шири видео од 2021 година од средбата на милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез со актерот Леонардо Дикаприо на гала вечера. На видеото кое досега е прегледано повеќе од 18 милиони пати, можете да видите како Лорен е целосно маѓепсана од актерот и не обрнува внимание на својот свршеник милијардер.

 






Нејзината реакција стана вирален хит, а екипата на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, и понатаму го исмејува милијардерот, но и актерот познат по тоа што влегува во врска само со помлади девојки.

 


„Најди девојка што ќе те гледа како што девојката на Безос го гледа Леонардо“, „Мислев дека не сака ниту да погледне во девојки над 26 години“, „Се прашувам дали ѝ се допаѓа Лео“, „Говорот на телото е јасен. Без пари, Безос е лесно заменлив“, се дел од коментарите.

 

Поврзани содржини