СВР ПРИВЕЛА 297 ЛИЦА БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА Успешна година за скопската полиција
Полицијата исто така соработувала со Интерпол и екстрадирала 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници.
Во текот на изминатата 2021 година од страна на организационите единици во рамки на СВР Скопје биле приведени 297 лица барани со потерница, соопштија од скопската полиција.
„Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци“, се вели во соопштението и се додава:
„ … се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена“.
„Во текот на 2021 година редовно се прибираа и сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници“, велат од СВР.