СВИКАН СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПО СМРТТА НА ТРОЈЦА МИРОВНИЦИ ВО ЛИБАН Сите загинати „сини шлемови“ се од Индонезија
Израелската армија денеска соопшти дека ги истражува инцидентите, повикувајќи „да не се носат предвремени заклучоци“ за евентуална израелска одговорност.
Советот за безбедност на Обединетите нации свика вонредна седница по веста за смртта на двајца мировници во Либан и ранувањето на уште двајца во „експлозија од непознато потекло“.
Мисијата УНИФИЛ што е распоредена во јужен Либан од 1978 година по првата израелска инвазија, претходно извести и за смртта на уште еден мировник од Индонезија во неделата, под слични околности во близина на границата со Израел.
Седницата е свикана на барање на Франција, а доаѓа во момент кога Израел ѝ нареди на својата армија да ја прошири „безбедносната зона“ во Либан каде што спроведува интензивни напади и копнена офанзива.
Мировната мисија на ОН (УНИФИЛ) соопшти дека го истражува случајот кога двајца индонезиски мировници загинале „во експлозија од неразјаснето потекло што го уништила нивното возило во близина на Бани Хајан“ на границата. Уште двајца мировници се повредени во инцидентот, соопштија вчера меѓународните сили.
Израелската армија денеска соопшти дека ги истражува инцидентите, повикувајќи „да не се носат предвремени заклучоци“ за евентуална израелска одговорност.