СВЕТСКИ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ Ќе имаме 13 часа пред сончевата супер-бура да ги збрише конекциите
Резултатите од силната сончева бура може да бидат катастрофални. Континентите ќе бидат отсечени еден од друг, сите професии врзани со струјата ќе секнат и ќе мора неколку недели или месеци да пробаме да се носиме со новото „камено доба“. Меѓу другото, со струјата е поврзан и нашиот пристап до питка вода.
Замислете да немате интернет со недели, па и со месеци? Како ќе функционира светот?
Навидум безопасното зголемување на температурата од степен-два во последните години всушност, може да донесе една од најголемите апокалипси на планетата – соларна магнетна бура која ќе го збрише електрицитетот од сите наши направи, а би можела и да збрише милиони животи и професии кои зависат од употребата на струјата денес, пишува ScienceAlert.
Ако пак, успееме да ја предвидиме, тогаш ќе имаме 13 часа да се евакуираме од домовите, да ја исклучиме струјата и да се надеваме на чуда. Резултатите од силната сончева бура може да бидат катастрофални. Континентите ќе бидат отсечени еден од друг, сите професии врзани со струјата ќе секнат и ќе мора неколку недели или месеци да пробаме да се носиме со новото „камено доба“. Меѓу другото, со струјата е поврзан и нашиот пристап до питка вода.
Магнетниот ветер отсекогаш бил тука
Сонцето постојано ја опсипува Земјата со прилив на магнетизирани честички познати како сончев ветер. Магнетниот штит на нашата планета генерално го спречува овој електричен ветер да предизвика вистинска штета на Земјата или нејзините жители, испраќајќи ги овие честички да се лизгаат кон половите и да остават зад себе пријатна аурора во небото.
Но, понекогаш, тој ветер прераснува во целосна сончева бура и, како што предупредува новото истражување презентирано на конференцијата за комуникација со податоци SIGCOMM за 2021 година, резултатите од таквото екстремно време во вселената може да бидат катастрофални за нашите модерни животни стилови.
Интернет апокалипса
Имено, силна сончева бура би можела да го турне светот во „интернет апокалипса“ што би можела да остави голем дел од општеството офлајн со недели или месеци, напиша Сангета Абду Ѓиоти, доцент на Универзитетот во Калифорнија.
– Она што навистина ме натера да размислувам за ова е дека пандемијата ни покажа дека светот е неподготвен. Немаше протокол за ефикасно решавање на проблемот, како и за еластичноста на интернетот – изјави Абду за WIRED.
Веројатноста дека ќе се случи е до 12 отсто на секои десет години
Дел од проблемот е што екстремните сончеви бури (исто така наречени исфрлање на коронарна маса) се релативно ретки. Научниците проценуваат дека веројатноста за екстремно вселенско време што директно би влијаело на Земјата е помеѓу 1,6 и 12 проценти по деценија, предвидува истражувањето на Абду Ѓиоти.
Настанот „Карингтон“
Во поновата историја, снимени се само две такви бури, едната во 1859 година, а другата во 1921 година. Првиот од овие инциденти, познат како настанот „Карингтон“, создаде толку сериозно геомагнетно нарушување на Земјата што телеграфските жици се запалија и поларната светлина, обично видлива само во близина на половите на планетата, можеа да се видат во близина на екваторијалната Колумбија.
Се случуваат и помали сончеви бури. Еден ден во март 1989 година, таква бура ја затемни целата канадска провинција Квебек цели девет часа.
Целата светска економија се базира на интернет – и струја
И потоа дојдоа 90-тите. Оттогаш, човечката цивилизација стана сè повеќе зависна од глобалниот Интернет. За жал, потенцијалните влијанија на големата геомагнетна бура врз оваа нова инфраструктура во голема мера не се истражени, рече Абду Ѓиоти.
Во својата нова статија, таа се обиде да ги истакне најголемите слабости во таа инфраструктура.
Проблем со подводните интернет-кабли
„Добрата вест е дека локалните и регионалните Интернет-конекции најверојатно се изложени на мал ризик од оштетување бидејќи самите оптички кабли не се засегнати од геомагнетски индуцираните струи“, се вели во статијата.
Сепак, долгите подводни интернет-кабли што ги поврзуваат континентите се друга приказна. Овие кабли се опремени со повторувачи (репетитори) за засилување на оптичкиот сигнал, кои се распоредени во интервали од приближно 50 до 150 километри. Репетиторите се чувствителни на геомагнетните струи и цели кабли можат да станат бескорисни ако се исклучи дури и еден репетитор.
Прво ќе бидат исклучени Америка и Англија, а после цели континенти
Ако доволно подводни кабли пропаднат во одреден регион, тогаш цели континенти би можеле да бидат отсечени еден од друг, напиша Абду Ѓиоти. Покрај тоа, нациите на високи географски ширини, како што се Соединетите држави и Обединетото Кралство, се многу почувствителни на сончевото време отколку нациите на пониските географски ширини.
Во случај на катастрофална геомагнетна бура, најверојатно прво ќе бидат исклучени тие земји на големи географски ширини. Тешко е да се предвиди колку време ќе биде потребно за поправка на подводната инфраструктура, но Абду Ѓиоти сугерира дека можни се големи прекини на Интернет кои ќе траат недели или месеци.
Без струја пропаѓаат скоро сите бизниси во Америка
Во меѓувреме, милиони луѓе би можеле да го загубат изворот на приход и егзистенција. „Се проценува дека економското влијание на еднодневните прекини на интернет во САД е повеќе од седум милијарди долари“, напиша Абду Ѓиоти во својот труд. „Што ако мрежата не работи со денови, па дури и со месеци?
Ќе имаме 13 часа за евакуација
Ако не сакаме да дознаеме, мрежните оператори треба сериозно да ја сфатат заканата од екстремно сончево време, бидејќи глобалната интернет инфраструктура неизбежно се шири. Поставувањето повеќе кабли на пониски географски ширини е добар почеток, тврди Абду Ѓиоти, како и развојот на тестови за отпор што се фокусираат на ефектите од големите дефекти на мрежата.
Кога ќе дојде следната голема сончева бура, луѓето на Земјата ќе имаат околу 13 часа да се подготват за нејзиното доаѓање, додаде таа. Да се надеваме дека ќе бидеме подготвени максимално да го искористиме времето кога таа неизбежно ќе пристигне.