🎥 СВЕТСКИ ПОЗНАТ ЈУТЈУБЕР УАПСЕН НА ХВАР Пијан удрил полицаец пред клуб, се огласи неговиот адвокат
Еден од најпознатите јутјубери во светот, Џон Влогс, е уапсен на Хвар откако тој и неговите пријатели нападнале службено лице.
Еден од најпознатите јутјубери во светот, Џон Влогс, е уапсен на Хвар откако тој и неговите пријатели нападнале службено лице.
Тој е обвинет за учество во нарушување на јавниот ред и мир пред клуб, пишува „Слободна Далмација“.
Информацијата ја потврди неговиот адвокат Денис Кулушиќ:
– Да, можам да потврдам дека мојот клиент е лицето за кое зборувате и дека е уапсен под обвинение за принуда кон службено лице. Тој во моментот се наоѓа во полиција и тоа е сè што можам да ви кажам сега.“
Сè се случило ноќта од неделата кон понеделникот, околу три часот наутро во клуб, во непосредна близина на полициската станица. Групата што била со јутјуберот Влогс наводно почнала да предизвикува проблеми во клубот, се соблекувале и кршеле чаши, поради што чуварите ги одвлекле до излезот.
Полицијата дошла, а друштвото почнало да се потсмева. Јутјуберот Влогс чие вистинско име е Луан Коварик, удрил со тупаница полицаец во око, по што бил приведен со уште тројца пријатели. Тројца полицајци претрпеле полесни повреди, а нивото на алкохол во крвта на јутјуберот било измерено повеќе од еден промил. Другите учесници во инцидентот исто така биле под дејство на алкохол, а најмногу имал еден кај кој било дури 2,2 промили.
Во меѓувреме, на Јутјуб беше објавено видео со наслов „Џон Влогс уапсен по конфронтација со полицијата во Хрватска“, на кое се гледа група млади мажи кои се собираат пред клуб и фотографија од Влогс како седи во полициска станица опкружени со двајца полицајци.
🚨VEJA: Amigo de Jon Vlogs explica em live confusão que levou à prisão do influenciador na Croácia. pic.twitter.com/bROaY6WECr
— CHOQUEI (@choquei) June 9, 2025