Светската побарувачка на нафта е намалена за 20 до 30 милиони барели дневно

Светот моментално е во најактивната фаза на пад на побарувачката на нафта

289

Падот на светската побарувачка на нафта во екот на епидемијата на коронавирусот изнесува 20 до 30 милиони барели дневно, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

– Сведоци сме на ситуација без преседан, поради која две третини од светското население е во режим на самоизолација и владите на сите држави воведуваат досега невидени мерки за борба против ширењето на Ковид-19, поради што дојде до намалување на побарувачката – рече Новак.






Тој додаде дека светот моментално е во најактивната фаза на пад на побарувачката на нафта.

Поврзани содржини