СВЕТОТ СИНОЌА МОЖЕШЕ ДА ЈА ВИДИ „КРВАВАТА МЕСЕЧИНА“ Астрономскиот феномен траеше 82 минути

Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината.Наместо целосно да исчезне, Месечината добива црвенкаст отсјај, бидејќи долгите црвени бранови должини успеваат да поминат низ атмосферата на Земјата, додека пократките сини се расфрлаат – ист механизам кој ја бои небото црвено при зајдисонце.

620

Синоќа светот беше сведок на астрономска појава – целосно затемнување на Месечината познат како „крвава месечина“.

Ова беше најдолгото целосно затемнување од 2022 година кое траеше еден час и 22 минути.






Атракцијата можеа да ја следат повеќе од 7 милиони луѓе во Европа, Австралија, Азија и Африка како и делови од Хаваи, Алјаска и Бразил.

Затемнувањето започна 15.28 часот по ГМТ (време по Гринич), а ќе заврши во 20.55 часот. Највозбудливата фаза – целосната сенка – траеше од 17.30 до 18.52 часот по ГМТ.

Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината.Наместо целосно да исчезне, Месечината добива црвенкаст отсјај, бидејќи долгите црвени бранови должини успеваат да поминат низ атмосферата на Земјата, додека пократките сини се расфрлаат – ист механизам кој ја бои небото црвено при зајдисонце.

По две недели на 21 септември, ќе се случи и делумно затемнување на Сонцето, видливо од Нов Зеланд, Антарктикот, неколку пацифички острови и тесен појас на источниот брег на Австралија.

Поврзани содржини