СВЕТОТ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ВИШОК НАФТА ГОДИНАВА Дали тоа ќе влијае на цената?
МАЕ верува дека растот на глобалната понуда во 2025 година ќе се удвои од темпото на раст во 2024 година, на околу 1,5 милиони барели дневно, под претпоставка дека ОПЕК + нема да го задржи намалувањето на производството по април.
Глобалната понуда на нафта може да ја надмине побарувачката за околу 600.000 барели дневно оваа година, поради растот на понудата предводен од САД и послабата од очекуваната глобална побарувачка, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
„САД моментално произведуваат на рекордно високо ниво и се предвидува дека ќе бидат најголемиот извор на раст на понудата во 2025 година. Последната рунда санкции кон Русија и Иран допрва треба значително да го наруши снабдувањето, иако некои купувачи ги намалија набавките“, објави Агенцијата, пренесе Ројтерс.
Глобалната побарувачка на нафта се очекува да порасне за 1,03 милиони барели дневно во 2025 година, соопшти МАЕ кон крајот на минатата недела, што е намалување за 70.000 барели дневно од прогнозата од минатиот месец, а растот доаѓа од Азија, пред се од Кина.
– Азиските земји ќе учествуваат со речиси 60% од добивките, предводени од Кина, каде што петрохемиските суровини ќе го обезбедат целиот раст.
Потрошувачката на нафта за петрохемикалии е главниот двигател на зголемувањето на побарувачката на нафта од пандемијата.
Извештајот ги нагласува пречките со кои се соочува ОПЕК + оваа година бидејќи зголемените глобални трговски тензии би можеле да влијаат на побарувачката наспроти силниот раст на понудата.
„Макроекономските услови кои ги поткрепуваат нашите проекции за побарувачката на нафта се влошија во текот на изминатиот месец, бидејќи трговските тензии ескалираа меѓу САД и неколку други земји, што нè наведе да ги ревидираме нашите проценки за растот на побарувачката за четвртиот квартал од 2024 година и првиот квартал од 2025 година“, соопшти ИЕА.
Од друга страна, во посебен извештај, ОПЕК го задржа својот став за растот на побарувачката на нафта во 2025 година непроменет од 1,45 милиони барели дневно и го потврди зголемувањето на производството на ОПЕК + од 363.000 барели дневно во февруари, предводено од Казахстан.
МАЕ верува дека растот на глобалната понуда во 2025 година ќе се удвои од темпото на раст во 2024 година, на околу 1,5 милиони барели дневно, под претпоставка дека ОПЕК + нема да го задржи намалувањето на производството по април.
Минатиот месец, МАЕ предложи малку помал вишок од околу 500.000 барели дневно.