СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН И НЕПРЕДВИДЛИВ Европската Унија мора да ја зајакне својата стратешка отпорност, порача Фон дер Лајен

Фон дер Лајен упати предупредување до светските политички и економски елити дека повеќе не можат да сметаат на старите парадигми на стабилност и предвидливост.

878

Светот нема да се врати на претходната стабилност и влегува во ера на длабоки и трајни геополитички промени, порача претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во говор на Универзитетот Кејо во Токио, каде што ѝ беше доделен почесен докторат во рамки на 30. самит ЕУ-Јапонија.

– Не треба да се залажуваме со надеж дека бурата ќе помине и дека светот ќе се врати во претходната состојба, рече Фон дер Лајен, алудирајќи на големите геополитички потреси.






Како примери ги посочи војната во Украина и надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, како што рече, суштински ги променија традиционалните сојузништва и глобалниот поредок.

Фон дер Лајен упати предупредување до светските политички и економски елити дека повеќе не можат да сметаат на старите парадигми на стабилност и предвидливост и подвлече дека Европската Унија мора да ја зајакне својата стратешка отпорност во свет што сè побрзо се менува.

Поврзани содржини