📸 СВЕТНА КОМПЛЕКСОТ „БОЈМИЈА“ ВО АЕРОДРОМ Општината се пофали со реконструкцијата и модерниот изглед на игралиштата, фонтаната, атлетската патека…
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна информираше за инвестицијата и истакна дека проектот опфаќа целосна реконструкција на детското игралиште и фитнес просторот, изведба на ново фудбалско игралишта со вештачка трева и атлетска патека, целосна реконструкција на урбаната опрема, како и уредување и пуштање во употреба на фонтаната.
„За спортистите, навивачите и вистинските аеродромци – инвестираме во поубава општина, создаваме урбани локации каде младите ќе спортуваат и каде ќе живее маалскиот живот“.
Вака велат од општина Аеродром во врска со реконструкцијата на познатиот комплекс „Бојмија“.
„Во срцето на Аеродром, комплексот познат како „Бојмија“ добива целосно нов и модерен изглед. Со ова продолжуваат активностите за реконструкција и разубавување на локалните површини во општината, а граѓаните добиваат уште еден простор за спорт и рекреација“, стои во соопштението.