Општинскиот кризен штаб во Свети Николе на седница донесе одлука да побара помош од екипи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Велес да се отвори пункт за тестирање за ковид-19 во Нов здравствен дом.
Целта е во градот да се земаат брисови за жителите да не мора да одат на тестирање во Велес.
Со ова, вели градоначалникот Сашо Велковски, ќе се намалат трошоците за превоз за лицата, но и ќе има намалување на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе.
Тој соопшти дека на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 198 заразени лица од ковид-19, а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.