Сведоштво на Македонка во Бејрут: Нема ниту еден здрав прозорец, улиците се покриени со стакло

Зградите покрај брегот се комплетно уништени. Сè е уништено. Жално е на улиците на Бејрут - вели Трајковска, која веќе една година живее во Бејрут каде работи во УНИЦЕФ.

1,319

Бејрут е во шок, сите сме во тага и неверување, вели Македонка Трајковска, Македонка која живее во главниот град на Либан каде што во вторникот се случи катастрофална експлозија во која загинаа најмалку 154 лица.

Таа за „Гласот на Америка“ раскажува дека глетката на пристаништето е како сцена од најлош апокалиптичен филм.






– Јас живеам во близина и од мојата зграда до пристаништето нема ниту еден здрав прозорец. Улиците се покриени со стакло, урнатини и паднати алуминиумски рамки… Зградите покрај брегот се комплетно уништени. Сè е уништено. Жално е на улиците на Бејрут – вели Трајковска, која веќе една година живее во Бејрут каде работи во УНИЦЕФ.

Зградите покрај брегот се комплетно уништени. Сè е уништено. Жално е на улиците на Бејрут.

Македонка Трајковска Македонка во Бејрут, Либан

Трајковска посочува дека последните проценки се дека гладот е неизбежен, бидејќи, како што вели, 70 проценти од храната се увезува и тоа најчесто преку пристаништето во Бејрут.

– Откако во експлозијата изгоре силосот со жито се проценува дека Либан ќе има храна за следните четири до пет недели. Последните проценки се дека гладот е неизбежен, бидејќи 70 проценти од храната се увезува и тоа најчесто преку пристаништето во Бејрут. Сега се подготвуваат пристаништата на југот за да примат достава на храна, но тоа е долгорочен процес. Другиот аспект на хуманитарната криза е што сите хуманитарни пратки на храна за Сирија доаѓаа преку пристаништето во Бејрут. Изгореа над 17 хангари со хуманитарна помош, како и магацинот на Министерството за здравство со најголемите медицински залихи за цел Либан, вклучително и со опремата за превенција од коронаворусот. Така, од секој аспект државата е во една навистина сериозна криза – вели Трајковска.

Децата во Либан се особено погодена категорија во целата оваа ситуација.

– Околу 300.000 луѓе останаа без дом. 80.000 од нив се деца. За да биде катастрофата поголема 12 јавни здравствени установи и 34 училишта се уништени. Ова е сериозен удар за децата и долгорочно последиците ќе бидат големи – вели таа.

Поврзани содржини