„СУЗУКИ“ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ ВИНИЦА – КОЧАНИ Четири лица се повредени

На 21 септември 2024 година околу 20.15 часот, во ОВР Виница, било пријавено дека на регионалниот пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

169

На регионалниот пат Виница – Кочани излетало патничко возило „сузуки“, а четворицата патници во возилото се повредиле како резултат на несреќата.

„На 21 септември 2024 година околу 20.15 часот, во ОВР Виница, било пријавено дека на регионалниот пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини