🎥 СУСПЕНДИРАН ПОРАДИ ИНТИМНО ВИДЕО ОД АВИОН Нема да биде на Олимписките игри поради снимката споделена на социјалните мрежи
Кануистот Курц Адамс Розенталс доби двегодишна суспензија поради експлицитна содржина на социјалните мрежи.
Некои би рекле дека запливал во погрешни води, а за кануистите е тоа недозволиво. Курц Адамс Розенталс ќе плати скапо за тоа што не можел да најде пари за тренинг на поконвенционален начин.
Имено, овој кануист доби двегодишна суспензија поради експлицитна содржина на социјалните мрежи.
Би-Би-Си наведува дека најконтроверзно од сите е видеото на кое спортистот изведува „сексуален чин“ во авион. Го привлече внимание на јавноста, па од јануари до мај заработил малку повеќе од 114.000 евра благодарение на платформата „OnlyFans“.
Тој истакнал дека овие пари му помогнале да преживее финансиски и да го исполни својот сон – да се натпреварува на Олимписките игри. Сепак, тој сон се распрснал како меур од сапуница. Имено, дисциплинската комисија процени дека видеото „предизвикало сериозна штета на угледот на спортот“, дека ги прекршило правилата и дека претставува „непристојно, навредливо и неморално однесување“.
View this post on Instagram
Розенталс претходно беше исклучен од „World Class Programme“ на организацијата „Paddle UK“. Дури му беше изречена и двегодишна забрана за тренирање, но не и за натпреварување.
Не се покаја многу затоа што не гледаше друг излез.
– Оваа забрана никогаш немаше да се случи ако спортистите беа соодветно финансирани. Разбирам дека видеото може да се опише како лудо, но не беше нелегално и сигурно не треба да биде причина за забрана – изјави Розенталс за BBC Sport.
Тој нагласи дека не се покајал за објавеното видео затоа што дополнителниот приход „му го променил начинот на живот“.