Сурови критики за Емили Ратајковски: Пие алкохол и го дои бебето ФОТО

857

Манекенката Емили Ратајковски е на удар на критики по вторпат за само една недела.

Откако следбениците на социјалните мрежи ја нападнаа затоа што го држеше нејзиниот син Силвестер Аполо Бер како вреќа со ориз, сексапилната манекенка сега е обвинета дека дои откако ќе испие алкохол.






Имено, Емили на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии од прославата на 30-тиот роденден. На некои од нив, манекенката позира со чаша во која има течност што потсетува на вино или шампањ, а на други фотографии позира додека го дои својот син.

„Пиењето алкохол и доењето се одлична комбинација“, саркастично напиша еден следбеник.

„Се надевам дека не доеше откако пиеше алкохол“, „Таа пие алкохол и дои бебе“, напишаа други.

Исто така, придружниците на Емили ја обвинуваат дека го држи бебето како моден додаток.

„Денес децата се како накит“, „Таа воопшто не знае како да го држи бебето“, се само некои од коментарите.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини