СУПЕРТАЈФУНОТ „РАГАСА“ УСМРТИ НАЈМАЛКУ 14 ЛИЦА, СТОТИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ Хонг Конг го отвори аеродромот

Властите на Хонг Конг соопштија дека работат на итна поправка на оштетените патишта, расчистување на речиси 2.000 урнати дрвја и решавање на близу 100 пријавени случаи на поплави.

56

Хонг Конг денеска повторно воспостави летови од својата меѓународна аеродромска инфраструктура, додека градот се опоравува од супертјфунот „Рагаса“, кој на почетокот од неделата погоди делови од Филипини, Тајван и јужна Кина.

Аеродромот, училиштата, компаниите и јавниот транспорт во Хонг Конг беа затворени речиси еден и пол ден поради ударот на „Рагаса“, кој претходно предизвика огромна штета на Филипини и Тајван, каде што официјално се потврдени 14 загинати лица.






Најсилниот тропски циклон во светот оваа година потоа удри во јужна Кина, погодувајќи ги градот Јангџианг и Хонг Конг, каде што повеќе од сто лица се повредени. Огромни бранови вчера го зафатија источниот и јужниот брег на Хонг Конг, предизвикувајќи поплави што потопија патишта и станбени објекти.

Властите на Хонг Конг соопштија дека работат на итна поправка на оштетените патишта, расчистување на речиси 2.000 урнати дрвја и решавање на близу 100 пријавени случаи на поплави.

„Рагаса“ се споредува со тајфунот „Хато“ од 2017 година и тајфунот „Мангкхут“ од 2018 година, кои предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.

📽️ СУПЕРТАЈФУН ГИ РАЗНЕСЕ СТАКЛАТА НА ХОТЕЛ ВО ХОНГ КОНГ Речиси 2 милиони луѓе се евакуирани по стравичниот удар

Поврзани содржини