СУХОИТЕ 19 ПАТИ СИ ПОИГРАЛЕ ПОД ДРОНОТ? Видео-реконструкција фрла ново светло врз вчерашниот судар
Освен што повеќе пати авионите поминувале под дронот тие, според американски извори, неколку пати фрлале гориво на дронот.
Дури 19 пати два руски авиони Су-27 поминале под американскиот дрон „MQ9 Reaper“ пред еден од нив да го поткачи со носот, сугерира нова видео-реконструкција на Си-Би-Ес од вчерашниот инцидент над Црното Море. Според американски воени претставници пак, авионите исто така неколку пати фрлале гориво на дронот на „несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“, јавува Би-Би-Си.
📹 CBS channel showed a video reenactment of how a Russian #Su27 fighter jet shot down an American #MQ9 Reaper. pic.twitter.com/pRO9tPcxM7
— KyivPost (@KyivPost) March 15, 2023
Во анимацијата на Си-Би-Ес се тврди дека неговото паѓање било „само лошо пилотирање“ на рускиот авион.
Ова се сложува со приказната на американските власти според која сударот се случил откако рускиот пилот почнал прерано да го крева носот на својот авион и случајно го закачил пропелерот на дронот. На операторите на дронот, се вели, тогаш не им останало ништо друго освен да го пуштат да се урне во Црното Море.
Русија од друга страна, демантираше дека нејзините два борбени авиони Су-27 имале каков било контакт. Според руското Министерство за одбрана, американскиот дрон се урнал по остар маневар.
ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ЧИН Реакции по судирот на рускиот воен авион со американскиот дрон