Суга е новиот премиер на Јапонија, по оставката на Абе

Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.

207

Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата.

Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.






За изборот на Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто така доби поддршка и од мнозинство во Горниот дом.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и неговата Влада претходно поднесоа оставка, а Парламентот потоа гласаше за кандидатурата на неговиот наследник.

Абе минатиот месец најави дека ќе се повлече од премиерската функција поради здравствени проблеми.

Поврзани содржини