СУДСТВОТО Е МЕТАСТАЗИРАНО СО ПИПЦИТЕ НА СДСМ И НА ДУИ Поранешен член на советот на јавни обвинители го избрал зетот за обвинител
Зетот за ќерка на истиот тој Иџет Мемети додека е на позиција член на Совет на јавни обвинители станува Јавен обвинител во Гостивар, станува збор за Илир Јакупи. Ќерката на Иџет Мемети, Леонора Јакупи, сега станува судијка во судот во Гостивар, вели пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи дека целото судство е метастазирано со пипците на СДСМ и на ДУИ.
Член на Советот на јавни обвинители го избрал сопствениот зет за Јавен обвинител во Гостивар и неговата ќерка за судијка, обвини Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. Јаревски вели дека со доверба од 2% во судството потребен е целосен ремонт во кој интерпелациите во Судскиот совет ќе бидат само почеток.
„Додека Иџет Мемети е член на Советот на јавни обвинители го избира сопствениот зет за обвинител во Гостивар, затоа е потребен ремонт. Целиот правосуден систем е метастазиран со пипците на СДСМ и на ДУИ.
Иџет Мемети е членот на Советот на јавни обвинители, кој заедно со десната рака на Заев, Наќе Георгиев зема поткуп за да влијае врз судии и обвинители со цел намалување на казната на Боро Марлборо.
Зетот за ќерка на истиот тој Иџет Мемети додека е на позиција член на Совет на јавни обвинители станува Јавен обвинител во Гостивар, станува збор за Илир Јакупи. Ќерката на Иџет Мемети, Леонора Јакупи, сега станува судијка во судот во Гостивар.
Во истиот суд, сопругата е судијка, сопругот обвинител, а таткото сива еминенција во судството во државата со амин на СДСМ и на ДУИ.
Заради овие испреплетени врски народот има само 2% доверба во судството. Со ова судство и обвинителство народот се мачи додека да ја истера правда. Потребни се коренити реформи на сите нивоа. Интерпелацијата на Судскиот совет мора да биде само почеток“.