СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА УКОРИЛ СУДИЈКАТА СПИРОВСКА ПАНЕВА Исклучувањето на јавноста од рочиштето „Фероинвест против ИРЛ“ било незаконско

157

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ja поздрави одлуката на Судскиот совет за дисциплинска мерка јавен укор за судијата Јованка Спировска Панева, поради тоа што таа незаконски ѝ забранила на јавноста да го следи соочувањето на рочиштето помеѓу бизнисменот Кочо Анѓушев и новинарката Сашка Цветковска за случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“.

Во одлуката на Судскиот Совет е наведено дека, „исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите“.






Драган Секуловски, директорот на ЗНМ, истакна дека со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, причина заради која одлуката на Судскиот совет е позитивен пример за заштита на слободата на изразување.

Поврзани содржини