СУДОТ ВО МАЈ ЌЕ МУ ИЗРЕЧЕ ПРЕСУДА НА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ Француските обвинители бараат 18-месечна условна казна
Кривичниот суд во Париз во четвртокот соопшти дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата на францускиот актер Жерар Депардје за сексуално вознемирување на две жени во текот на снимањето на филм во 2021 година.
Кривичниот суд во Париз во четвртокот соопшти дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата на францускиот актер Жерар Депардје за сексуално вознемирување на две жени во текот на снимањето на филм во 2021 година.
Француските обвинители во четвртокот побараа 18-месечна условна казна и парична казна од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризен“ и други медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со бројни обвинувања за сексуално вознемирување низ годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутините, но негираше дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против неговиот клиент се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Амели К. вели дека актерот ја допирал по целото тело против нејзина волја, ја држел и ѝ упатувал недолични сексуални коментари, додека таа била преплашена, а тој се смеел. Сето тоа се случувало за време на снимање филм во 2021 година.
– Да, потврдувам дека ја зграпчив за бутините, па ѝ ги кажав тие не толку убави работи, но не со цел да ја допирам – изјавил Депардје.
Тој имено, појасни дека, наводно, ја фатил Амели К. „за да не се лизне“ самиот тој, бидејќи бил вознемирен и изморен.