СУДОТ ВО КОЧАНИ ОДРЕДИ ПРИТВОР ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА „РУБИКОН“ Агенцијата ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

Сопственикот на „Рубикон“ е осомничен дека „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осoмничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

224

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор.






Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осoмничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Притоа, агенцијата „Рубикон“ немала склучено договор за обезбедување во дискотеката во Кочани.

Александар Нацев е универзитетски професор, а пред десетина години беше и директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Поврзани содржини