СУДОТ НЕ ГАРАНТИРА БРЗИНА, ТУКУ НЕПРЕЧЕНО СУДЕЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Правдата можеби ќе дојде за 5 месеци, можеби за 5 години, порача судијката Диана Груевска Илиевска

Судијката Диана Груевска Илиевска рече дека бара дисциплина од сите странки, дека сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана и дека ќе се дојде до правдата.

1,320

Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, за процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, може 5 месеци или 5 години, рече судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица.

– Барам дисциплина од сите странки. Сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана. Ќе дојдеме до правдата – рече судијката.






Втор судија во судечкиот совет е Ахмет Идризи. Има и резервен поротник, со цел процесот да се одвива непречено. Откако ги прочита имињата на присутните 34 обвинети и на нивните адвокати, судијката донесе решение кон предметот „Кочани“ да се спои и обвинението против сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.

– Се спојуваат постапките поради економичност на постапката. Против ова решение не е дозволена жалба. Како што знаете, дополнително имаше обвинителен акт за Александар Нацев, кој е оценет. Се работи за истите дејствија и предметот ќе се спои, постапката ќе тече заедно – рече судијката.

На судењето се присутни повеќе од 50 родители на загинатите во пожарот и 30-ина домашни медиуми. Акредитирани се и странски медиуми како БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Андалузија и други.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Николче Илиев, ќе го бранат 5 адвокати од обвинението за Тешки дела против безбедноста за пожарот во Кочани.

 

Поврзани содржини