Судот е на потег во случајот „Трезор”: Правда или одбрана на измисленото обвинение
Доколку судот успее да се ослободи од импресиите креирани од страна на тогашното СЈО, преку медиумската машинерија и ако дели правда исклучиво врз основа на аргументите, не може да донесе никаква друга пресуда освен ослободителна, вели адвокатот Шврговски.
Кривичниот суд во Скопје денеска ќе пресече околу судбината на предметот „Трезор“ за набавка на опрема на поранешната УБК, кој повеќе од 4 години се расветлува по институциите.
Судот треба да покаже дали ќе одлучува согласно фактите и доказите изведени во текот на главната расправа, или ќе застане зад конструкциите на Јавното обвинителство, велат од одбраната.
Дали за обвинетите за кои не се докажа вина ќе биде донесена ослободителна пресуда или судот нема да успее да се крене над ситуацијата и ќе застане зад монтираниот случај ќе се знае по изрекување на пресудата закажано за 12 часот.
Судот има можност да се определи за максимата „подобро 100 виновни на слобода, отколку еден невин во затвор“ или да потклекне на медиумското прогласување на виновници уште пред да започне процесот.
Љупчо Шврговски, адвокат на одбраната во случајот „Трезор“, во интервју за Прес24 изјави: „Судот мора да покаже интегритет и да се крене над конструкциите на Јавниот обвинител. Доколку судот успее да се ослободи од импресиите креирани од страна на тогашното СЈО, преку медиумската машинерија и ако дели правда исклучиво врз основа на аргументите, не може да донесе никаква друга пресуда освен ослободителна“.
Од тоа што го виде јавноста, обвинението не е издржано и се базира на измислици и конструкции. Според досега изнесените факти, ЈО го потпира случајот на измислено патување во Велика Британија каде наводно со производителот ГАММА се договарала набавка на опремата уште пред да почне постапката.Дека тоа не е точно, потврдуваат британските власти. Имено, преку меѓународна правна помош уште на 23.04.2018 година е стигната одговор од британскиот Хоум офис (МВР) , односно од Меѓународната единица за борба против криминал.
На деветтото прашање „Дали наведените лица Владислав Стајковиќ или Коста Крпач биле во Англија и учествувале во некои преговори за соработка ? Доколку биле, потребно е да ни се достават информација дали биле таму сами или со нив имало и други лица (кои)?“, британските власти даваат конкретен одговор: „Нема запис дека Владислав Стајковиќ и Коста Крпач биле во Обединетото Кралство во врска со договорот 11055 ниту пак персоналот се сеќава на некоја посета. Нема ни докази дека други лица биле во посета во ОК во врска со договорот 11055“.
Во првото прашање ЈО се интересира: „Дали претставници на МВР, поточно Мијалков, Грујевски и Стајковиќ оствариле контакт со ГАММА преку телефон, и-меил, Скајп, Вибер и слично ?“. Одговорот повторно е јасен дека „нема физички, ниту електронски докази кои покажуваат со кого било комуницирано или што било кажано“.
Втората конструкција врз која се базира обвинението е наводното фаворизирање на фирмата преку која се врши набавката. Повторно таа е демантирана од британските власти и тоа со документ. Тие до обвинителството го испраќаат и сертификатот со кој на македонскиот партнер му е доверено ексклузивното застапништво. Тие наведуваат: „Производителот има издадено сертификат со кој се идентификува Финзи како претпочитан партнер, официјален препродавач и давател на услуги за поддршка на ГАММА Интернационал ЛТД”.
Тоа практично значи дека МВР и да сакало, не можело да ја набави опремата преку друг канал, односно морало да оди преку лиценцираниот застапник.
Третата конструкција на обвинение дека Сашо Мијалков влијаел врз тогашниот помошник министер Ѓоко Поповски, задолжен за набавките, ја разбива самиот Поповски. Во својство на сведок, тој во ниту еден момент не кажува дека има било што незаконски во оваа постапка или дека набавката била различна од која било друга. Тој сведочи дека врз него не било извршено влијание од страна на Сашо Мијалков. Поповски под заклетва тврди дека не го познавал ниту споственикот, ниту фирмата Финзи и дека по набавката постапувале комисии како и во секој друг предмет. Истата заради доверливот е реализирана по членот 7 од Законот за јавни набавки кој предвидува исклучок од постаката за распишување на јавен тендер.
Врв на конструкцијата на обвинителството е наводната штета предизвикана со набавката. Правејќи преседан, обвинителството не нуди вештачењер, туку само си измислува економска штета која ја заокружува на 430.000 евра.
За разлика од обвинителството, кое има обврска да докаже вина, одбраната нуди вештачење од Друштвото за вештачење „Форензик експертс“, во кое се вели дека само за овој проект, дистибутерот има направено за малку поголеми трошоци од направената разлика, односно дека нема направено разлика во цена. Единствен приход кој што фирмата за сите четири години го направила е кредитната нота од 100.000 евра одобрена од производителот ГАММА, но тие пари не се од МВР односно пс Буџетот на РМ, туку пари на британската фирма производител, што значи дека нема направена штета по Буџетот на РМ. Да биде иронијата поголема, обвинителството нема никакви забелешки на овој вешт и мислење.
Во гостување на емисијата “Топ Тема” свој коментар даде и професорот Гордан Калајџиев, кој за Телма изјави: „Сите докази се на база на претпоставки. Јавното обвинителство нема отидено подалеку во однос на првичните претпоставки. Велат, имало дистрибутер. Па нормално е да има дистрибутер. Вие сега и лекови набавувате преку дистрибутери. Која е гаранцијата дека би била поевтина цената ако се одело директно со проиводителот, кога и така не е наведена цената?“.
Според него, нема логика да се тврди дека е предизвикана некаква материјална штета, а да не може да се наведе кој имал противправна имотна корист и колкава била таа.