📽️ СУДИР НА СЕКТИ И НОМАДИ ЈА ТРЕСЕ СИРИЈА Дамаск со војска ги смирува Друзите и Бедуините

Некои од воените сили на режимот во Сирија веќе се вклучени во борбите против вооружените Друзи во руралните области на Ал-Сувајда. Борбите се водат во близина на границата со Јордан.

178

Најмалку 37 лица се ранети во конфликт меѓу Друзите и Бедуините, секташки милиции во Сирија. Сириските режимски сили од 12 јули распоредија десетици војници и разни видови оружје во покраината Ал-Сувајда за да воспостават контрола.

Конфликтот избувна откако сунитските Бедуини, номадски племиња,  поставиле патни патроли и киднапирале трговец од Друзите, што довело до насилна реакција.






Од друга страна, Друзите потекнуваат од шиитска секта, но денес се посебна верска група.

Некои од воените сили на режимот во Сирија веќе се вклучени во борбите против вооружените Друзи во руралните области на Ал-Сувајда. Борбите се водат во близина на границата со Јордан.

 

Сириската армија ги напаѓа позициите на Друзите, но тие се бранат и не им дозволуваат на владините сили од Дамаск да навлезат.

Меѓу повредените се 10 деца. Околу 50 лица се ранети.

Во април и мај имаше смртоносни судири меѓу милитантите на Друзите и владините сили, што на крајот доведе до договор меѓу локалните и религиозните лидери.

 

dali

Тие ветија дека ќе работат заедно за да го смират насилството и да ги интегрираат борците на Друзите во новата влада.

Секташкото насилство меѓу бедуинските и друзските фракции продолжува повремено да избувнува во покраината Ал-Сувајда, што е последица на долготрајниот конфликт меѓу двете заедници.

Ситуацијата беше дополнително комплицирана по соборувањето на долгогодишниот лидер на Сирија Асад минатиот декември од страна на исламистичките бунтовници, кога нова влада ја презеде власта и оттогаш се бори „да го врати редот во длабоко поделената и етнички разновидна земја“.

 

Поврзани содржини