СУДЕЊЕТО ЗА КОЧАНИ Е ТЕСТ ЗА ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО Филипче очекува кристално чист процес

152

СДСМ будно ќе го следи целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивстави на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача претседателот на партијата, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

– Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност. Ова им го должиме на родителите, ова им го должиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество – рече Филипче кој очекува кристално чист процес.






Филипче посочи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија, и тоа е причината поради која што пратеничката група на СДСМ побара Анкетна комисија во Собранието.

Поврзани содржини