🎥📷 СУДАР НА АВТОБУС И ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ КАЈ МЛАДЕНОВАЦ Еден од возачите загина, а повеќе од 30 патници се повредени
Несреќата се случила во 5.40 часот на приодниот пат кој од Младеновац води кон автопатот и клучката Мали Пожаревац.
Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени утринава во судар на автобус и патнички автомобил кај Мали Пожаревац, Србија, објави РТС.
Возачот на автомобилот загинал, а повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди, додека четворица се тешко повредени.
Несреќата се случила во 5.40 часот на приодниот пат кој од Младеновац води кон автопатот и клучката Мали Пожаревац.
Автобусот кој учествувал во судирот сообраќал на приградската линија 493.
View this post on Instagram
На местото на настанот пристигнале три екипи на Брза помош од Младеновац.
Сообраќајот на таа делница е забавен и полицијата го регулира, пренасочувајќи ги возилата преку Мали Поповиќ.
View this post on Instagram