Суарез постигна 500 погодоци во кариерата
Триесет и четиригодишниот Суарез постигна 198 голови за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 63 за Уругвај, 19 за Атлетико, 15 за Гронинген, 12 за Национал.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез вечерва го постигна јубилејниот 500 гол во кариерата. Уругваецот на мечот со Алавес погоди во 54. минута и му донесе важни три бода на својот тим во борбата за шампионскиот трофеј.
Триесет и четиригодишниот Суарез постигна 198 голови за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 63 за Уругвај, 19 за Атлетико, 15 за Гронинген, 12 за Национал.
Атлетико Мадрид по 28 кола е лидер во Ла Лига со 66 бода, шест повеќе од Реал Мадрид и седум од Барселона.