СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ СО ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ Wolt како совршен баланс за младите

Флексибилноста на работата курир-партнер на Wolt на студентите им дава можност да најдат баланс меѓу обврските на факултет и дружбата, а при тоа да обезбеди сопствен приход, независно од поддршката од родителите или некоја стипендија.

60

За многу студенти секојдневието изгледа како постојано жонглирање меѓу предавања, испити, потребата за спортување, дружење со врсниците и постигнувањето на финансиска независност. Ова последното понекогаш останува само на желба, но постојат и оние кои успеваат да ја совладаат таа сложена комбинација. Виктор Т. од Скопје е еден од нив, студент кој веќе извесен период работи како курир-партнер на Wolt, искуство што, според него, му ја донело потребната слобода да биде свој.

– Флексибилноста е најголемата предност. Работата ми дозволува да најдам време и за учење и за работа, но и за одмор. Дури и во испитна сесија, кога сите сме под притисок, можам да ја прилагодам динамиката според тоа што ми е најважно – вели тој.






Виктор објаснува дека за еден студент најважно е да се најде баланс меѓу обврските на факултет и дружбата, а при тоа да обезбеди сопствен приход, независно од поддршката од родителите или некоја стипендија. Работата како курир-партнер на Wolt му ја дава токму потребната флексибилност која го одржува неговиот баланс.

-Многу ми значи што сам одлучувам кога и што ќе работам. Тоа не е само распоред, тоа е стил на живот. Со велосипед низ градот – секој ден изгледа поинаку. Како студент тоа ми е потребно. Не сакам да седам врзан на едно место. Имам темперамент што сака движење, сакам да се снаоѓам во нови ситуации, а најинтересниот дел е што секој ден има ново лице, нова приказна, а понекогаш и забавна ситуација што ја памтиш. Не можам да кажам дека интеракцијата е многу поразлична, но има интересни личности кои умеат да ја разбијат монотонијата – објаснува Виктор.

Работата за него не значи ниту откажување од убавините кои ги носи младоста. Напротив – ја нагласува социјалната страна.

-Апсолутно имам време за дружење. Работата ми овозможи да бидам активен, да останам во форма и да имам време и за моето друштво и семејство -вели тој.

Неговиот ден изгледа како внимателно сложен мозаик со предавања на факултет,  излегување со пријатели навечер, време за одмор, и во меѓувреме возења со Wolt, коешто придонесува Виктор да чувствува дека е дел од поголем систем.

-Балансот што го создадов е она што најмногу ме изненади. Никогаш не мислев дека ќе можам толку добро да го усогласам. Но, помага и тоа што се чувствувам поддржан и сигурен дека ќе ја добијам секоја информација што ми е потребна за испораките. Истовремено сум независен. Тоа ми дава мотив за работа – вели тој.

Од денешна перспектива, најмногу го изненадила леснотијата со која оваа работа се претворила во секојдневие што му носи и динамика и сигурност.

– Сакав да бидам во движење и да заработувам, и го најдов тоа. Сакав да запознавам луѓе и да имам слобода, и тоа го добив. Ова е искуство што ме научи дека студентскиот живот може да биде многу повеќе од учење и испити, може да биде и независност – вели студентот што го најде совршениот баланс меѓу учењето, спортот и заработката со Wolt.

Поврзани содржини