СТУДЕНТИ, НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ РОКОТ ЗА ОБРОК До 5 март се отворени апликациите, информира МОН

Електронското аплицирање е отворено и за студенти кои досега не поднеле барање или им било прекинато правото.

0

Студентите имаат рок до 5 март да аплицираат за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година, информира Министерството за образование и наука.

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето-плата, како и студентите запишани на постдипломски и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.






Од Министерството појаснуваат дека студентите што ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат барање преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, каде што се објавени и сите критериуми за остварување на правото, како и контактите за поддршка при аплицирањето.

Можност за повторно аплицирање имаат и студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат условите. Овој рок важи и за оние кои не поднеле апликација во претходните активни рокови.

Поврзани содржини