СТУДЕНИОТ БРАН ПРИСТИГНА Дожд во пониските места, планините под снежна покривка

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.

1,264

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките места и на планините.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен северен ветер.






Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 1 во Маврово и 10 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.

За утре метеоролозите најавуваат дека утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 7 до – 1, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Поврзани содржини