СТРУЖАНКА Е ПРЕГАЗЕНА НА РАСКРСНИЦА ВО ОХРИД Со тешки повреди е пренесена во болница
Несреќата се случила кога на крстосницата на булеварот Туристичка и улицата Дејан Војвода во Охрид на неа удрил „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки.
Стружанка синоќа е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила кога на крстосницата на булеварот Туристичка и улицата Дејан Војвода во Охрид на неа удрил „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки. Возилото го управувал З.С.(43) од село Лешани, општина Дебарца.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (43) , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид – информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.