Играч од Струга ја освои празничната ВЛТ добивка на Видеолотарија Касинос Австрија, Премиум џекпот. Тој како најсреќен играч, ќе го вози фантастичниот „мерцедес бенц Е 220 Д“.
Стружанецот се забавувал на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија во „Спорт лајф трејд“ на 09 јануари 2025 година.
– Добивката Премиум џекпот со фантастичниот автомобил „мерцедес бенц Е 220 Д“ е освоена кај нашиот деловен соработник „Спорт лајф трејд“ на 09.01.2025 во 21:31 часот – соопшти компанијата.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија на среќниот играч му ја честита добивката, очекувајќи го да пристигне во нивните простории.