„СТРАЖА ЗА ЈАЗИКОТ“ До среда ДУИ ќе спие пред Уставен суд

392

Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на ДУИ, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците.

Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.






– Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за прашања што ги засега темелите на еднаквоста на нашата  мултиетничка држава. Ова не е обичен ден, ниту обичен повик. Денес повеќе од кога било е моментот да останеме обединети за да го заштитиме тоа што сме го добиле со многу труд и жртвување. На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост – изјави Адеми.

На фотографијата освен Адеми, се гледаат и Крешник Бектеши, како и Блерим Беџети, а Бујар Османи на социјалните мрежи го повика членството да им се придружи.

„Ви се претставувам како дел од чуварите на јазикот, дојдете и вие! Нашиот јазик, нашиот идентитет!“, напиша поранешниот шеф на дипломатијата.

Поврзани содржини