🎥 СТРАВИЧНА СНИМКА ОД МАСАКРОТ ВО ГРАЦ Во училиштето се водела вистинска војна – најмалку 10 мртви!

5,703

На социјалните медиуми е објавена првата стравична снимка, на која се слуша пукотницата во училиштето во Грац, во која најмалку 10 лица се убиени, а двоцифрен број жртви се повредени, откако бивш ученик од училиштето, кој се сметал за малтретиран, отворил оган врз децвата во две училници.






Австриските медиуми објавуваат дека меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 10 лица се мртви. Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.

Осомничениот сторител наводно е 22-годишен поранешен ученик, кој, според непотврдени информации, легално поседувал оружје – пиштол и пушка што ги имал со себе, пишува „Салцбургер Нахрихтен“. Една од двете училници во кои пукал наводно е неговата поранешна училница.

Бројот на жртви продолжува да расте. Бројот на сериозно повредени е двоцифрен.

Неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, вклучувајќи ги и членовите на единицата „Кобра“.

Објавена е и снимка како жртвите се пренесуваат во болница со хеликоптер:

ТРАГЕДИЈАТА ВО ГРАЦ ИМА СВОЈ ХЕРОЈ Вработен во супермаркет засолнил и од сигурна смрт спасил група тинејџери

Поврзани содржини