📽 СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ИСТОЧНА ТУРЦИЈА Девет рудари заробени во рудник за злато

Градоначалникот на Ерзинџан, Бекир Аксун за Хабертурк изјави дека меѓу 10 и 12 работници се водат за исчезнати

167

Девет рудари останаа затрупани откако започна свлечиште во рудник за злато во источна Турција, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Рудникот Коплер се наоѓа во близина на Илиќ, во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција.






Турскиот министер за внатрешни работи рече дека не е познато што се случило со деветмината рудари и дека 400 лица за пребарување и спасување се на местото на настанот. Во спасувачката операција учествува и персоналот на агенцијата за итни случаи АФАД од соседните провинции, пренесе АП.

– Има луѓе закопани под земја, не се знае точниот број. Потрагата и спасувањето започна – изјави гувернерот на Ерзинџан, Хамза Ајдогду.

Градоначалникот на Ерзинџан, Бекир Аксун за Хабертурк изјави дека меѓу 10 и 12 работници се водат за исчезнати, пренесе АП.

Со рудникот Коплер од 2009 година стопанисува компанијата Анаголд Мајнинг, а Јерликаја рече дека таму се вработени 667 лица.

Поврзани содржини