(ОБНОВЕНО) ВОЈНИЦИТЕ ВЕЖБААТ, ВЕЛЕШАНИ ПАНИЧАТ Се слушаат рафали од автоматско оружје, надлетуваат и хеликоптери (ВИДЕО)
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо смируваат дека станува збор за воена вежба на Армијата и им порачуваат на граѓаните да останат смирени.
Рафали од автоматско оружје вечерва се слушаат во Велес, реагираат испаничените граѓаните на социјалните мрежи.
Како што објаснуваат, пукотниците траат веќе половина час, а се слушаат и хеликоптери кои го надлетуваат градот.
„Можно е да е воена вежба. Но, немаше никакво известување и најава. Пукотниците траат повеќе од половина час. Ми се чини дека пукањето е во близина на фабриката Топилница, оти во касарната нема ништо“, напиша еден твитерџија.
Твитерџиката Диди, пак, напиша дека се плаши да излезе на улица:
„Треба да си одам од работа, а ми е страв да излезам“.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо смируваат дека станува збор за воена вежба на Армијата и им порачуваат на граѓаните да останат смирени.
– Војниците вежбаат во Велес, не постои простор за паника. Ние не би знаеле зошто ваквата воена вежба не им била најавена на велешани – кратко искоментираа нашите извори од МВР.
Шо е со пукањево бе? 😳 pic.twitter.com/ZXvFlb6cCi
— ДиДи (@VorrennN) March 9, 2022