ДА ИМАШ СВОЈ НЕТФЛИКС И ДА СИ МУ СЕСТРА НА ИЛОН МАСК Тоска почнала да снима филмови во своите дваесетти, сега е милионерка

Пешнфликс се фокусира на адаптирање на романтичните романи токму онака како што ги замислиле фановите и авторите. Ние се фокусираме на поврзување, комуникација и компромиси - и го отстрануваме срамот од сексуалноста, особено за жените, бидејќи им дава моќ на жените да признаат и да бараат задоволство, вели Тоска Маск во интервју за Си-Ен-Ен.

246

Сестрата на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, е милионерка, а нејзиниот бизнис воопшто не е поврзан со оној на брат ѝ. Оваа успешна жена успеала со една необична идеја – да направи свој стриминг сервис, налик Нетфликс, но да биде само за романтични или еротски филмови. Најубавиот момент? Филмовите кои се продуцираат на Пешнфликс(Passionflix) се правени по романтични новели. Онакви какви што во САД има многу од автори или авторки кои и не се толку познати, пишува Си-Ен-Ен.

Сестрата на Маск, Тоска Маск го привлече вниманието на црвениот тепих на премиера на еден од тие филмови, „Трн“. Тоска позираше во бел костим и блескава свилена блуза во бургунд. Таа и самата некогаш ги режира филмовите. Всушност, жанрот романтика и неговите поджанрови, на пример фантастична романса, еротска романса се најпопуларен жанр во САД.






– Пешнфликс се фокусира на адаптирање на романтичните романи токму онака како што ги замислиле фановите и авторите. Ние се фокусираме на поврзување, комуникација и компромиси – и го отстрануваме срамот од сексуалноста, особено за жените, бидејќи им дава моќ на жените да признаат и да бараат задоволство  – вели Тоска Маск во интервју за Си-Ен-Ен.

 

Почнала да режира уште во дваесеттите

Илон, Тоска и уште едниот нивен брат, средното дете Кимбал се родени во Јужна Африка и поминале извесно време во Канада пред да дојдат во Соединетите држави. Нивниот татко Ерол е инженер и развивач на недвижнини, додека нивната гламурозна мајка Меј е моделка. Тоска Маск посетувала филмско училиште на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер, а по дипломирањето се преселила во Калифорнија. Таа три месеци работеше во една од компаниите на Илон Маск, наречена „Zip2“.

– Сфатив дека секогаш кога го напуштав филмскиот свет, едноставно не бев среќна. Тоа едноставно не беше моја работа – вели Тоска за деновите кога работела за брат ѝ.

По краткиот престој во канцеларијата во Лос Анџелес на канадската медиумска компанија Allians Atlantis, таа почнала да режира и да продуцира филмови уште во своите дваесетти. Тоска продуцирала романси за познатите канали Лајфтајм и Холмарк, а во 2005 година лансираше комична веб-серија, Тики Бар ТВ, која извршниот директор на Apple, Стив Џобс ја поздрави како серија која е пред своето време во новото поле на видео подкаст, или скратено, вид-кастинг.

Не бара совет од Илон, освен ако навистина не ѝ е потребен

Потоа дојде Пешнфликс, во превод „Нефтликс на страста“. Приказната за неговото потекло е класична приказна за тоа кога една врата се затвора, друга се отвора. Пред пет години Тоска добила мејл од жена која сакала да го претвори своето сценарио во филм, сценариото ѝ се допаднало, но немало голем интерес од продуцентските куќи.

– Луѓето навистина не беа толку заинтересирани бидејќи филмот беше премногу ризичен… Тоа беше филм за возрасни со малку реинкарнација, такви некои работи – вели Тоска.

Но, Тоска Маск ја запознала својата сопруга Џоани Кејн во Лос Анџелес и се поврзале поради заедничката страст за романтичните романи. За време на тој разговор, Кејн ја изнела идејата романтичните романи да се претворат во филмови и да се создаде платформа за стриминг за нив. И така се роди Пешнфликс.

– Немавме инвеститори. Моравме да излеземе и да го најдеме секој инвеститор. Значи, беше прашање да се излезе и да се стави со акаунт секој човек (што го знаеме). Ги ставивме на платформата секој пријател, секој член на семејството, сите само за таа инвестиција. Беше тешко. Првите пари се секогаш најтешките пари – вели Макс.

 

На платформата има „скала за непослушност“

Кога подобро ќе ја погледнете платформата Пешнфликс на онлајн каталогот на филмови, ќе видите мешавина од современа романса, фантастична романса, паранормална романса, еротска фантазија и сродни поджанрови. Филмовите, кои се емитуваат на Пешнфликс и Amazon Prime Video, се оценети на скала што Тоска ја нарекува „барометар на непослушност“.

Постојат пет категории: ванила, гушкање, сексуални шеми, страст и романса и НСФВ (небезбедно за работа). Последната категорија има ризични сцени со заплет и повеќе секс – помислете на „Педесет нијанси сиво.“ Но, Тоска вели дека дури и најнепослушните филмови на Пешнфликс не го достигнуваат прагот на мека порнографија.

– Љубовта е неверојатна, таа е неверојатно моќна. Сакам да раскажувам приказни за љубовта, сите видови љубов. Значи, родителска љубов, пријателска љубов, семејна љубов и љубов меѓу двајца луѓе – рече таа.

Широкиот опсег на романтични жанрови и нивната секси содржина е она што го издвојува Пешнфликс од каналите како Hallmark и Lifetime Movie Network, вели романсиерката Тамара Луш. Таа верува дека романтичниот жанр е особено бил популарен за време на пандемијата, бидејќи луѓето бараат утеха во приказни со среќен крај.

Поврзани содржини