📽 СТРАШНО ВИДЕО ОД ПРЕВРТУВАЊЕ НА АВТОБУС ВО ТУРЦИЈА Возилото со голема брзина падна во канал, има 9 загинати

Несреќата се случила кога меѓуградски патнички автобус, кој сообраќал кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, удрил во банкината на излезот од тунелот Саријар и се превртел.

250

Во јужната турска провинција Мерсин се преврте автобус, при што загинаа девет лица, а 30 се повредени.

Несреќата се случила кога меѓуградски патнички автобус, кој сообраќал кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, удрил во банкината на излезот од тунелот Саријар и се превртел.






Истрагата е во тек, а гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради дождот и влажниот коловоз“.

На видеото снимено од камерите на автопатот може да се види како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во банкината и паѓа во канал.

По несреќата на местото на настанот излегле екипи на итната помош и екипи за пребарување и спасување.

Од 30 повредени лица, според информациите 13 се во тешка состојба.

Гувернерот на Мерсин Али Хамза Пехливан подоцна изјави дека несреќата се случила околу 01:15 часот во вторникот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

– Посакувам Божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани – рече гувернерот.

 

Поврзани содржини